Започна изградбата на палатата „Емануел Чучков“

Со поставување на камен-темелник, денеска започна изградбата на палатата Емануел Чучков, објект во кој ќе бидат сместени Државниот завод за ревезија и Геолошкиот завод на Република Македонија.

Премиерот Никола Груевски истакна дека овој објект ќе биде уникатно архитектонско здание, составено од подрум, приземје и шест ката. Изградбата и на објектот значи дополнителна работа за градежните компании, како и нови вработувања во нив.

„Објектот ќе зафати површина од 7.000 квадратни метри, ќе има подрум, приземје и шест ката. Поголемиот дел од објектот ќе биде за Државниот завод за ревизија. Новата административна зграда ќе има два влеза. Рокот на изградба на овој објект е две години“, рече премиерот Груевски.

Тања Таневска, главниот државен ревизор истакна дека со изградбата на оваа врховна институција симболично ќе се одбележат нејзините 15 години од постоење.

„Со новата зграда на вработените ќе им се даде дополнителен стимул за работа, а ќе се подобри и функционирањето на институцијата“, рече Таневска.

Вкупниот износ на овој капитален објект изнесува 430 милиони денари или 7 милиони евра.