Македонија

Започна изградбата на првата Руска црква

Започна изградбата на првата Руска црква

Започна изградбата на Православниот храм е веќе започната, изведувач на градежните работи е градежната фирма Балкан Груп Констракшн, а проектот е направен од страна на Руска Архитектонска продукција.

Ктитор на Православниот храм “Св.Троица” е Г-дин Сергеј Борисович Самсоненко.

Градежните работи на Православниот храм ќе се реализираат до декември 2015 година од аспект на екстериер, додека пак ентериерот ќе се реализира до почеток на 2017 година поради стандардите за изведба на фрески кои налагаат да бетонските позиции да отстојат една година, па потоа да се нанесуваат фрески и иконистаси.

Овој храм се гради со една и единствена цел да создава мир и спокој помеѓу верниците, а со својата убавина Верски да ги едуцира најмладите Христијани кои чекорат кон Божјите траси на православието.

Темелите за црквата беа поставени во јуни минатата година.