Македонија

Започна изградбата на третата фаза од фекалниот колкетор во Инџиково

Започна изградбата на третата фаза од  фекалниот колкетор во Инџиково

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и в.д. директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација”, Бојан Василевски, денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи на третата фаза од проектот за изградба на фекалниот колектор во населеното место Инџиково.

Трасата на фекалниот колектор е покрај автопатот Александар Македонски во правец на стадионот Борис Трајковски, па се до фекалната препумпна станица Маџари. Самиот колектор ќе се изведе од полиетиленски цевки со профил DN-800 милиметри, а во должина од 679 метри.

Pocetok na tradezni raboti za 3 faza fekalen kolektor Indzikovo (2)

– Со изградбата на овој колектор ќе се реши проблемот со прифаќањето и одведувањето на фекалните отпадни води од месните заедници Тумба и Питу Гули, како и дел од населените места Ченто и Камник. Новиот колектор ќе овозможи фекалните води по природен пат, без помош на пумпи, да одат до реката Вардар. Со реализацијата на овој капитален проект бенефит ќе имаат околу 30.000 жители на Општина Гази Баба – рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајковски се заблагодари од одличната соработка со Градот Скопје во реализацијата на овој капитален проект. По завршувањето на изградбата на колекторот, Општината ќе започне и проект за санирање на улиците кои беа раскопани при изградбата на фекалниот колектор.

Pocetok na tradezni raboti za 3 faza fekalen kolektor Indzikovo (3)

В.д. директорот Василевски изјави дека инвеститор на овој голем инфраструктурен проект е ЈП „Водовод и канализација”, додека вредноста на инвестицијата изнесува околу 12 милиони денари.

На терен работат екипите на градежната фирма Жикол.