Започна меѓународниот фестивал Гази Баба 2014

Во рамките на Културно Лето „Гази Баба 2014″ започна петтиот Меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба, со целовечерен концерт на Плоштадот во Автокоманда, кој го отвори градоначалникот Тони Трајковски.

На фестивалот учествуваат фолклорни друштва од Бугарија, Словенија, Словачка, Чешка и домаќинот „Јонче Христовски“, кои со своите изведби, музика, прекрасните носии од своите држави ја воодушевија присутната публика.

Во рамките на 5-от Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2014“ покрај вечерашниот ќе се одржат уште 2 концерти, на 6 јули во населеното место Булачани и на 8 јули во паркот во населба Ченто.