Започна новата кугларска сезона

Вчера со одигрување на три натпревари и официјално започна новата сезона во Македонската кугларска лига 2014/2015.

Во кугланата во Спортскиот центар “Борис Трајковски” се одиграа два натпревари, каде во првиот натпревар силите ги одмерија екипите на “18 Август Адинг” и ”Македонија” (жени). Овој натпревар заврши со победа на тимот на “18 Август Адинг” со резултат од 6:2, додека вкупниот резултат на соборените кегли изнесуваше 3030 на екипата на “18 Август Адинг” наспроти 3006 на екипата ”Македонија” (жени).

Во вториот натпревар во кугланата во Спортскиот центар “Борис Трајковски” се одигра и дербито на првото коло во Македонската кугларска лига, каде актуелниот шампион “Макпетрол” со резултат од 6:2 го победи тимот на КК “Вардар”, додека вкупниот резултат на соборените кегли изнесуваше 3548 на екипата на “Макпетрол” наспроти 3262 на екипата “Вардар”.

Третиот натпревар се одигра во спортската сала “Младост” во Битола, каде домаќинот КК “Хераклеа” играше против тимот “ГТЦ-Скопје”. Ова беше највозбудливиот и натпревар со најголеми возбудувања, каде истиот заврши нерешено со резултат од 4:4. Вкупниот резултат на соборените кегли изнесуваше 3027 на екипата на “Хераклеа” наспроти 3019 на екипата “ГТЦ-Скопје”.

Првото коло од новата сезона во Македонската кугларска лига ќе биде затворено со одигрувањето на последниот натпревар, каде силите ќе ги одмерат тимовите на КК “Империал Тобако” и КК “Работнички”.

Овој натпревар ќе се одигра во среда (22.10.2014 година) во кугланата “Мусандра” во ГТЦ Скопје, со почеток во 17:30 часот.