Спорт

Започна новата сезона во Серија А

Започна новата сезона во Серија А

Јувентус славеше минимална победа во Верона кај Киево, Старата Дама триумфираше со 1-0.

Бираги во 7. минута си постигна автогол кој значеше старт со три бода за тимот на Масимо Алегри.

Рома со 2-0 го доби дерби натпреварот против Фиорентина.

Нианголан во 28. минута го отвори резултатот, а точка стави Жервињо со погодок во судиското продолжение од натпреварот.

Денеска на програмата се останатите дуели: Милан – Лацио, Аталанта – Верона, Чезена – Парма, Џенова – Наполи, Палермо – Сампдорија, Сасуоло – Каљари, Торино – Интер, Удинезе – Емполи.