Започна одбележувањето на 19 годишнината од егзодусот на Србите во Краина

Со палење на свеќи пред портата на срквата „Хртистос Спасител“ во Бања Лука, синоќа заполно одбележувањето на 19 години од егзодусот на Србите од некогашн ата Република Српска Краина (РСК) во текот на хрватската акција „Олуја“.

Директорот на Документарно-информацискиот центар „Веритас“, Саво Штрбац, рече дека народот треба да се сеќава на овој немил настан, во кој беа протерани Србите, бидејќи народ без минато, нема ни своја иднина.

Штрбац наведе дека „Веритас“ евридентирал повеќе од 7 илјади српски жртви во текат на војната, но и по неа се до 1998 година, како и дека во Хрватска сеуште не е расветлен случајот за судбината на 1.900 Срби.

Советникот на министерот за работа и боречко-инвалидска заштита на Република Српска, генерал Милан Торбица, рече дека акцијата „Олуја“ е планирана и водена како што во текот на Втората светска војна се планирани нападите за етничко чистење.

Одбележувањето на егзодусот на Срби од некогашната РСК ќе продолжи со служење на парастос за загинатите војници и цивили во црквениот хран, како и со положување на цвеќе на гробот на Свети Пантелија во Бања Лука.

Во хрватската воена акција „Олуја“ која започнала на 4-ти август 1995 година, некогашниот РСК го напуштија околу 220 илјади Срби, а за исченати се водат околу 2.000 Срби.