Започна официјалната меморијална церемонија за Шарон

Започна официјалната меморијална церемонија за поранешниот премиер на Израел, Ариел Шарон, пренесе „АФП“, штосе одржува пред парламентот во Ерусалим во присуство на израелски и странски делегации.

Церемонијата започна со молитва во спомен на поранешниот израелски премиер, кој почина на 11 јануари, по осум години поминати во кома.

Погребот на Шарон ќе биде одржан подоцна во текот на денот во неговата фарма во јужниот дел на Израел.