Започна печатењето на гласачките ливчиња за референдумот во Крим

Во Симферопол е започнато печатењето на гласачките ливчиња за претстојниот референдум за статусот на Крим. Ова го соопшти „РИА Новости“, повикувајќи се на претседателот на комисијата за организирање на референдумот Михаил Малишев.

Според неговите информации информации за референдумот ќе се испечатат 1,55 милиони гласачки ливчиња.

Во Крим според официјални податоци беа регистрирани 1.534 000 гласачи.

Референдумот за статусот на полуостровот ќе се одржи на 16 март, кога жителите ќе одлучат дали Автономната Република Крим ќе се присоедини со Русија.