Македонија

Започна полагањето на државната матура во августовскиот рок

Започна полагањето на државната матура во августовскиот рок

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот екстерен предмет од августовскиот испитен рок за државна матура – мајчин јазик (македонски, албански јазик или турски) и литература.
500polaga

Во августовскиот испитен рок ќе полагаат 3.647 ученици од завршните години од средните училишта кои од оправдани причини не полагале државна матура во јунскиот испитен рок и ученици кои не успеале да положат некој предмет во јуни.

Од оваа учебна година државната матура учениците ја полагаат според новиот концепт еден плус три, односно се полагаат три екстерни и еден интерен предмет.

Во августовскиот испитен рок, учениците од завршните години кои избрале странски јазик ќе полагаат на 13 август, на 14-ти се полага математика (основно и напредно ниво), естетика и филозофија и на 16 август – хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

Интерните предмети матурантите ќе ги полагаат од 19-ти до 23 август, додека презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се спроведе од 19-ти до 22 август.

Джавната матура во август ќе се реализира во 21 училиште во целата држава, а распоредот на учениците во кое училиште ќе полагаат е објавен на веб-страницата на Државниот испитен центар matura.gov.mk. Како и во јунскиот рок, и сега сите испити почнуваат во 10 часот.

Прелиминарните резултати од државната матура ќе бидат достапни најдоцна 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит. Учениците кои нема да бидат задоволни од добиената оценка по некој предмет имаат право на приговор, кој треба да се достави до училиштето. По завршување на процесот на приговори ќе бидат објавени конечните резултати од државната матура од августовскиот испитен рок.