Започна реконструкцијата на патот Волково – Орман

Започна реконструкцијата на локалниот пат кој ги поврзува селото Волково и селото Орман во општината Ѓорче Петров.

Оваа делница ќе добие нов лик. Со новиот проект патот ќе биде широк 5,5 метри и тротоар со широчина од 1,5 метри на левата страна на патот од Волково кон Орман.

Должината на патот ќе изнесува 2040 метри а ќе биде поставено и ново улично осветлување. Предходно е спроведена канализациска мрежа што исто така е од голема важност за сите жители од овој дел на општината а посебно  за ОУ „ Јоаким Крчовски“  кое исто така набргу ќе биде биде приклучено на новоизградената канализација.