Македонија

Започна реставрацијата на куќата на Жаревци во Прилеп

Започна реставрацијата на куќата на Жаревци во Прилеп

МИнистерството за култура ја започна реализацијата на проектот за конзервацијата на куќата на Жеревци во Прилеп, лоцирана на улицата Моша Пијаде 130, која е во рамки на проектот за обнова на објекти со автентична староградска архитектура.

Куќата на Жеревци која е изградена околу 1900-тата година и во која сеуште живеат потомците на тогашните сопственици, претставува одличен пример за влијанијата од европската градителска естетика на овие простори. На објектот сеуште е зачувана оригиналната фасада како и богатата архитектонска декорација, карактеристична за периодот на изградбата.

Во текот на реализацијата на проектот за конзервација на овој објект стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп ќе извршат и целосна замена на подпокривната конструкција и покривот на куќата чие пропаѓање и протекување влијаело и на фасадните ѕидови.

Проектот ќе биде реализиран до крајот на годинава.