Започна самитот ЕУ-САД во Брисел

Во Брисел денеска започна состанокот на американскиот претседател Барак Обама со највисоките функционери на Европската унија.Обама во Европскиот совет започна разговори со претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј и претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Баросо.

Се очекува дека најголемиот дел од разговорот ќе биде посветен на воведување санкции кон Русија, по спојувањето со Крим и зајакнување на трговската соработка меѓу ЕУ и САД.

Ван Ромпуј во сооопштението истакна дека посетата на Обама доаѓа во момент кога системот на меѓународната безбедност и дипломатскиот ангажман се наоѓа пред предизвик на кој ЕУ и САД  мораа заеднички да одговорат.

ЕУ и САД одвоено ќе воведат санкции на истакнати руски политичари кои се сметаат за одговорни за Крим. Денеска ќе се обидат да се договорат за координацијата меѓу Вашингтон и Брисел кога станува збор за понатамошните чекори во однос на Москва.

Американскиот претседател утринава во друштво на белгискиот крал Филип и премиерот Елиј де Рупа положи венец на Фламанското поле недалеку од Брисел, каде што се погребани неколку стотина американски војници кои загинале во Првата светска војна.

Обама попладне треба да се состано и со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, по што ќе отшатува во Рим каде што утре ќе се сретна со италијанскиот државен врв и папата Франциско.