Започна санација на автобуските стојалишта ка Комплекс Банки

Град Скопје денеска започна со санација на двете автобуски стојалишта на булеварот Кузман Јосифовски Питу, и тоа едното од страната кај Комплекс Банки во должина од 200 метри, а второто кај Веро центарот во должина од 100 метри.

Скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, истакна дека овие стојалишта кои два пати беа реконструирани во 2010 година, но поради нивното лошо изведување, пропаднаа, повторно ќе се санираат, но овој пат на вистинскиот начин.

„Се направи нов проект со кој во должина од 200 метри и во длабочина од 1 метар и 10 сантиметри ќе се вади тампонот и ќе се набива добра тврдина на тој тампон, а дополниително како и на останатите стојалишта ќе биде употребен и друг вид на асфалт“, рече градоначалникот Трајановски.

Трајановски додаде дека наскоро ќе започне и санацијата на автобуското стојалиште кај МАНУ.

За санација на овие три стојалишта ќе бидат потрошени 9 милиони денари и тоа седум за кај Комплекс Банки и два милиони денари за стојалиштето кај МАНУ.