Магазин

Започна снимањето на краткиот игран филм „Карма“

Започна снимањето на краткиот игран филм „Карма“

Снимањето на краткиот игран филм „Карма“ во режија и по сценарио на Владимир Митревски започна во саботата.

Филмот е кратка приказна за младиот татко Боби (Димитрија Доксевски) кој за да обезбеди пари за лекување на болното дете  прифаќа да учествува во грабеж на банка, сметајќи дека е тоа единствениот начин.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Копродуценти се Факултетот за драмски уметности од Скопје и Living Pictures од Белград.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, a продуцент Дејан Крајчевски. Покрај Димитрија Доксевски, во актерската екипа се и Милан Тоциновски, Аксел Мехмед, Симона Спировска, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Ненад Нацев, Владимир Петровиќ, Симон Манасковски, Калин Крајчевски и Владимир Митревски.

„Круг филм“ соопшти дека снимањето на „Карма“ ќе заврши утре. Филмот се снима на  повеќе локации во Скопје.