Започна судењето на Џохар Царнаев

Во Бостон започна судењето на осомничените за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.

Џохар Царнаев (21), кому му се заканува казна доживотен затвор, од своето место со наведната глава го набљудувал обвинителотВилијам Вебер како во воведните зборови говори дека осомничениот го искористил ранецот за да постави бомба со цел „да ги разнесе луѓето и да направи крвав спекстакл“, пренесува Асошијтед Прес.

-Тој веруваше дека е војник кој е во света војна против Американците… тоа беше неговиот мотив за овие злосторства, изјави Вебер.

Царнаев кој потекнува од Чеченија и кој во САД се доселил пред повеќе од една деценија, обвинет е за бомбашкиот напад по 30 точки од обвинението и за убиството на еден полицаец кое што се случи неколку дена подоцна.

Boston Marathon Bombing

Три лица загинаа, а повеќе од 260 беа повредени во експлозијата на двете бомби кои експлодираа во близина на целта на маратонот на 15-ти април 2013.

Царнаев е обвинет дека го извршил убиството заедно со неговиот постар брат Тамерлан, кој беше убиен во пресметка со полицијата неколку дена по нападите.
Одбраната се обидува да докаже дека обвинетиот бил под силно влијание од неговиот брат, а обвинителството тврди дека тој бил подеднаков соучесник и дека дејствувал самостојно.

Судењето ќе биде поделено на две фази, во првата ќе се утврдува вината, а во втората ќе се изрече казната. Се очекува целиот процес да трае три до четири месеци.