Започна судењето за убиството на малата Тијана

Судењето за монструозното убиство на петнаесетгодишната Тијана, кое го потресе регионот започна денеска во Србија.

На обвинителната клупа седна Драган Ѓуриќ, осомничен дека ја мачел, задавил, силувал и брутално убил малата Тијана. Тој пред судиите рекол дека не се чуствува добро, па затоа ќе се брани со молчење.

За потсетување, на 26 јули минатата година откако седеше во кафеана, Ѓуриќ ја пресретна малата Тијана, ја силуваше, тепаше и ја уби, па ја закопа. Тој тогаш пред полицијата го призна делото.