Свет

Започна тестирањето на вакцината против ебола во Канада

Започна тестирањето на вакцината против ебола во Канада

Започна клиничкото испитување врз луѓе на експeрименталната вакцина против болеста ебола од канадско производство, која ветуваше многу во текот на тестирањето извршено врз примати, изјавила денеска министерката за здравтво на Канада, Рона Ембруз.

– Канадската вакцина дава голема надеж, затоа што покажа сто проценти ефикасна во спречување на ширење на вирусот ебола при тестирањето на животни, потенцирала Ембруз.

Таа додала дека денеска ќе почне тестирањето на здрави поединци, за да се види како всушност таа реагира, кои се нејзините несакани дејства и кое е нејзиното правилно дозирање.

Судиите кои се изработени како резултат на експериментот над приматите, покажуват дека вакцината делува на спречување на инфекцијата кога се дава пред појавувањето на вирусот, но исто така и ги зголемува шансите за преживување, доколку се даде брзо по појавување на заразната болест.

-Малата американска компанија „Њу Линк Генетикс“ има лиценца за вакцината и тестирањето, па би требало да започне со тестовите во лабораторијата во државата Мериленд. Додека пак резултатите се очекуваат во декември, рекла Ембруз.