Започна второто полугодие и во Велес

Второто полугодие од учебната година денеска успешно започна и во општина Велес, каде наставата се одвиваше во целост и сите професори беа на своите работни места.

– Во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ второто полугодие започна успешно. Наставата се одвива во целост според наставниот план и според распоредот на часовите и сите професори се на настава, посочи директорот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, Саше Андреевски.

Тој додaде дека во нивното училиште воопшто немало најава за штрајк.