Магазин

Започна заштита на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ во Берово

Започна заштита на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ во Берово

Министерството за култура започна со заштита на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ во Берово, кој претставува споменик на културата од 19 век.

Првата фаза која се однесува на препокривање на северозападниот конак во рамките на комплексот е завршена.

За 2015 година се предвидени повеќе активности, меѓу кои и: изработка на основен проект за конзервација на црквата, изведба на дренажа околу објектот поради континуираната капиларна влага, зацврстување на дотраените дрвени столбови, конзервација на дрвените конструктивни и декоративни елементи, изработка на основен проект за конзервација на северозападниот конак, конзервација на покривот на црквата, како и на покривот на Галеријата на мозаици (поранешно училиште, односно Спомен-куќа на Дедо Иљо Малешевски).

berovo 2

berovo

Темелите на првиот женски манастир во Берово се поставени дваесет години по изградбата на манастирската црква, околу 1840 година. Во својот најголем подем манастирот броел и до шеесет монахињи, со развиена економија, богословско училиште, ткајачница. Сестринството на манастирот и сега изработува икони во византиски стил за иконостаси. Некогаш надвор од градот, денес женскиот манастир посветен на Св. Архангел Михаил се наоѓа на излезот од Берово, на патот што води кон браната и езерото.