Започнаа со работа четири дуќани со стари традиционални занаети

Четири реновирани дуќани за стари традиционални занаети во Старата скопска чаршија денска беа предадени во употреба од страна на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Дуќаните, како што рече Трајановски, согласно програмата преку секторот за локален економски развој градо Скопје ги оспособи за работа и инвестираше околу четири милиони денари за нивно санирање и реконструкција, со цел заживување на старите знаети во скопската чаршија.

Во овие четири дуќани коплетно е заменета водоводната, електричната инсталација, сменети се вратите и прозорците, а реновирани се и ѕидовите и подовите.

Во нив сега функционира една работилница за филиграми, една за ткаење, везење и плетење, како и една заедничка просторија, наменета за сувенирница во која сето она што се произведува не само во овие дуќани, туку и низ дуќаните во Македонија ќе се продава.

-Корисниците на овие дуќани, односно Македонската артисанска трговска асоцијација (МАТА) сами си ги плаќаат режиските трошоци и на овој начин сакаме заедно со Министерството за култура и со Владата на РМ да ги заживееме повтроно старите занаети коишто се во фаза на изумирање или се изумрени во градот Скопје. Ние сме сигурни дека на овој начин навистина ќе допринесеме да овие занаети повторно профункционираат на нашата чаршија, нагласи Трајановски.

Тој додаде дека чаршијата е место што го посетуваат голем број на туристи ко доаѓаат во Скопје и дека ова ќе биде уште еден предизвик за нив.

-Сакам да истакнам дека тој интегриран пристап кога го носевме законот за Старата скопска чаршија е од огромно значење, пред се за спроведување на програмата за ревитализацијата на скопската чаршија и тој интегриран пристап се потврдува на дело и во неколку наврати кадешто беа доделени дуќани и на Центарот за ликовни уметности за атељеата на нашите уметниците се со цел безистенот да заживее и на голем број здруженија коишто доделивме простори во делот на филигранството, како и во делот на женските занаети, рече Канческа-Милевска.

Таа истакна дека Центарот за знаети е многу важна институција којашто ги поттикнува старите занаети.