Започнува археолошко истражување на локалитетот Костоперска карпа

Националната установа Музеј-Куманово започнува со археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа или Жеглиговски камен-импозантна базалтна карпа од вулканско потекло во околината на Младо Нагоричане.

Според досегашните истражувања на локалитетот Костоперска Карпа е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот, а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и стаклена паста и бронза. Во минатото тука постоеле дури 40 цркви поради кои месноста била нарекувана Мала Света Гора., а во подножјето на Карпата се наоѓаат сочуваните средновековни цркви „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и повеќе гробови. Според археолозите на овој простор се наоѓа и ранохристијанска базиликална црква, која се користела за погребување, како и остатоци од средновековни ѕидини. Особено се издвојува подземна просторија која сеуште не е доистражена.

Со рализацијата на археолошките истражувања и со уредување на локалитетот Костоперска карпа, ова место ќе го привлече интересот на посетителите.

Kostoperska Karpa - Ml. Nagoricane (1)

kostoperska zidovi