Спорт

Започнува финалната серија во националниот шампионат во хокеј на мраз

Започнува финалната серија во националниот шампионат во хокеј на мраз

Вечерва со почеток од 22 часот во СЦ „Борис Трајковски‘‘ ќе започне финалната серија во националниот шампионат на Македонија во хокеј на мраз.

Во разигрувањето за првиот шампион на Македонија во хокеј ќе учествуваат екипите на Металург и на Скопје Капитолс. Серијата се игра до два добиени натпревари.

Во полуфиналните натпревари Металург го совлада Фаворит Кико додека Скопје Капитолс излезе како победник во дуелот со екипата на Вардар Вингс.

Вториот натпревар се игра во четврток во 22 часот на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски‘‘.