Македонија

Започнува ФИНЕКСПО 2014

Започнува ФИНЕКСПО 2014

„Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“ е темата на 12-тиот „Финекспо“ во организација на Скопски саем, а под покровителство на Министерството за финансии.

На тркалезната маса се очекува да се обрати вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната Банка Димитар Богов. Присутни ќе бидат и претставници од стопанските комори, бизнис заедницата, генералните директори на банките и осигурителните компании.