Започнува изградбата на две нови индустриски зони – Берово и Виница

Денеска со поставување камен темелник ќе почне изградбата на технолошко индустриските развојни зони кај Виница и Берово.

Владата донесе одлука за основање на ТИРЗ Виница и ТИРЗ Берово во јули годинава.

ТИРЗ Виница е лоцирана во месноста Поповец на оддалеченост од 5 километри од градот, а ќе се протега на површина од 20 километри.

ТИРЗ Берово, пак, ќе се гради кај патот Берово – Дабиле, на површина од 17 хектари.

Целта на основањето на зоните е создавање можности за привлекување инвестиции, отворање работни места и обезбедување рамномерен локален економски развој.