Започнува изградбата на ТИРЗ Радовиш

Во Радовиш денеска ќе започне изградбата на нова технолошка индустриска развојна зона. Според планот предвидено е таа да се гради на површина од 10 хектари.

Во текот на месецов треба да биде поставен камен темелник и за изградба на ТИРЗ Струга, а во тек е тендер за избор на компанија која ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце.

Владата донесе одлука и за основање технолошко индустриски развојни зони во Берово и во Виница. Со тоа се заокружуваат 14 од 15-те предвидени ТИРЗ во Програмата за работа на Владата. Според најавите, Владата, треба да донесе одлука за основање на ТИРЗ и во Делчево.