Македонија

Започнува изградбата на втората фаза од новиот водоводен систем во Тетово

Започнува изградбата на втората фаза од новиот водоводен систем во Тетово

Од утре, 4 август, ќе започне изградбата на втората фаза на новиот водоснабдителен систем во Тетово.

Се работи за осум и пол километарски довод од собирна комора – “Лешница” до собирна комора – “Студена Река”.

На почетокот на градежните работи ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање, Нухран Изаири и градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи.