Започнува манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2014“

Годинава на манифестацијата ќе се претстават над 40 угостители, кои ќе се обидат да го надминат ланскиот рекорд на продадени пастрмалии во Штип а за привлекување на гости од соседните градови, организаторот обезбеди богата културно-уметничка програма со три топ музички ѕвезди.

Вечерва во 23:00 часот штипјани ќе ги забавува Елена Ристеска, утре во истиот термин ќе настапи српската турбо-фолк ѕвезда Аца Лукас а во сабота, затворањето на „Пастрмалијада 2014″ ќе му припадне на српскиот кантавтор Жељко Јоскимовиќ.

За прв пат годинава, Општина Штип и организаторот ЗГ „Пастрмалијада Штип” обезбедија и кампинг зона долж коритото на река Брегалница, веднаш до локацијата „Дујле” каде се одржува манифестацијата.

Општина Штип упатува повик до сите Македонци да дојдат во Штип во текот на следните три дена, бидејќи ова е најдобрата гурманска манифестација во Македонија.