Започнува процесот на уништување на сириското хемиско оружје

Првиот дел од сириското хемиско оружје кое треба да се уништи ја напушти територијата на Сирија. Оружјето е пренесено со дански товарен брод .

Транспортот на сирискиот хемиски арсенал до местото на неговото уништување ќе се случи придружувано од кинески, дански, норвешки и руски воени бродови. Владата во Дамаск ја носи одговорноста за транспорт по копно до пристаништето во Латакија.

Претходно специјалниот координатор на заедничката мисија на ОН и Организацијата за забрана на хемиското оружје, истакна дека малото задоцнување нема да влијае на спроведувањето на операцијата за уништување на сирискиот хемиски арсенал.

Целото хемиско оружје треба да биде изнесено од земјата до петти февруари. Најопасниот дел од арсеналот треба да бидат неутрализиран до крајот на март, а останатото до крајот на јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.