Македонија

Започнува реконструкцијата на киносалата во Делчево

Започнува реконструкцијата на киносалата во Делчево

Со средства обезбедени од Министерството за култура започнува темелната реконструкција на киносалата во Делчево, која е во состав на националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“.

Според проектот ќе биде извршена реконструкција и санација на покривната конструкција, на внатрешните простории на киносалата, а ќе биде обновена и фасадата. Исто така ќе се санира и помошната зграда која е во склоп на самиот објект.

Претходно во рамките на проектот на Владата на РМ и Министерството за култура за набавка на нова дигитална опрема за киносалите во повеќе градови во земјава, киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во овој град.

IMG_2692_resize

Со реконструкцијата на објектот во кој е сместено киното, Делчево ќе добие нов современ простор кој во текот на целата година, освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографија, а ќе се користи и за други културни настани, семинари, предавања, концерти и манифестации.

Темелната реконструкција на кино-салата во Делчево ќе биде завршена до крајот на годинава.