Започнува Саемот на книга во Велес

По повод ,,Недела на книга”, Клуб Матица ги поканува сите љубители на пишаниот збор да го посетат Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, домаќин на манифестацијата ,,Да, за книга“.

saem

Утре со почеток од 11:30 часот и официјално ќе се отвори Саемот на книга кој ќе трае до сабота. На свеченото отворање свое обраќање до медиумите ќе имаат Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, директорот на Народниот Театар, Јордан Витанов и директорот на Матица, Дејан Павлески.

saem1

,,Да” за книга, е саемот за книга кој од 16-ти до 18-ти април ќе биде центар на случувањата во Велес и регионот. Од четврток до сабота, саемот за книга ќе биде отворен од 10 часот до 22 часот.

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес е отворен за сите љубители во книгите кои ќе си ги збогатат своите полици со најновите и најбараните наслови од Клуб Матица.