Започнува шесто издание на Вечери на женски права

Од денеска од 8 март во Скопје, започнува шестото издание на манифестацијата “Вечери на Женски Права”, каде и годинава ќе се одржат голем број на активности. Овогодинешното издание на оваа манифестација е посветено на одбележувањето на дваесет годишнината од Пекингшката декларација и платформа за акција.

Во наредниве неколку дена на повеќе локации во Скопје ќе се одржат голем број на дебати, проекции на филмови, изложби, како и Велосипедска тура по повод глобалната кампања “Планета 50:50 до 2030 – Сите за родова еднаквост”.

Од денес до четврток во повеќе средни училишта на Градот Скопје ќе се одржат работилници околу правата на жената и родовата еднаквост, кои ќе бидат спроведени од страна на студенти од Институтот за родови студии при УКИМ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Во петок /06.03.2015 година/ со почеток во 10 часот во Холидеј Ин, ќе се одржи Национална конференција по повод 20 годишнината од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција (Пекинг +20) “Јакнење на жените – јакнење на човештвото: Претставете си!”.

inside (1)

Истиот ден во Културно Информативниот Центар во 19 часот ќе биде отворена изложбата “Нераскажаните приказни на суперхероините 2”, додека во кино Милениум во 20 часот ќе биде прикажана проекција од документарниот филм “Кисмет”.

Во сабота /07.03.2015 година/ во Кинотека на Македонија во 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм “Маската во која живееш” (The Mask You Live In).

Во недела /08.03.2015 година/ во 12 часот ќе се одржи велосипедска тура по повод глобалната кампања “Планета 50:50 до 2030 – Сите за родова еднаквост”.

Шестото издание на Вечерите на Женски Права ќе биде затворено со проекција во Кинотека на Македонија во 20 часот, на документарниот филм “Среќни засекогаш” (Happily Ever After), по што ќе следува тематска дискусија на тема “Вечна љубов – мит или реалност”.

Градот Скопје и оваа година финансиски го поддржува одржувањето на манифестацијата Вечери на Женски Права.

Повеќе информации за оваа манифестација на следната интернет врска (http://www.womensrightsnights.net/).