Започнува штрајкот во лондонското метро

Вработените во лондонската подземна железница ќе стапат во 48-часовен штрајк поради планот да се укинат билетарите со што, како што наведуваат синдикалните организации, ќе бидат укинат 750 работни места.

Поради штрајкот, кој би требало да трае до петок наутро, на Лондон му се заканува сообраќаен хаос.

Лондонското метро, кое дневно превезува 3,5 милиони лицасо своите 11 линии и 270 станици, веќе е на границите на издржливост во време на најголемиот сообраќаен метеж.

За време на штрајкот ќе работат помалку возови, а ќе се сообраќаат на околу 10 минути.