Започнува судењето на кражбата на артефакти од Музејот на Македонија

Денеска започочнува судскиот процес за кражбата на 166 артефакти од Музејот на Македонија. На обвинителната клупа ќе седнат седуммина осомничени.

Осомничени за кражбата се директорот Перо Јосифовски, раководителката на депото, виш кустос и програмски директор на Археолошкиот музеј, тројца членови на Комисијата за откуп на музејски материјал и златарот Часлав Кузмановиќ.