Започна евакуацијата на мигрантите од „Џунглата“ во Кале

„џунглата“

Во понеделникот, околу 8 часот, на портата која дава пристап до транзитниот центар кој беше поставен во Кале за да се организира евакуацијата на „џунглата” чекаа околу 500 мигранти, со сите нивни лични предмети покрај нив. Најголемиот број од нив се од Судан. Шеесет автобуси треба да ги однесат во текот на денот до одредени мали центри за прием ширум Франција.

Десетина комбиња на полициските сили и неколку возила се ангажирани, кои го носеа потребниот материјал за операцијата. Оваа огромна евакуација е претставена како „хуманитарна” од страна на владата. Со тоа, треба да се стави крај на најголемата сиромашна дива населба Франција, подигната пред 18 месеци, а во која живеат бегалци претежно од Авганистан, Судан и Еритреја, со сон да го преминат каналот Ла Манш и да пристигнат во Велика Британија.

Вчера, властите го интензивираа делењето на информации со дистрибуција на летоци и објаснување. Операцијата предвидува секој мигрант поединечно да биде сослушан на разговор, и според нивната лична ситуација. неженетите луѓе, семејства и ранливите лица како децата и жените ќе бидат поделени меѓу 12 француски региони (со исклучок на Корзика). „Вистинска автобуската станица” беше поставена за да се обезбеди непречено функционирање на евакуацијата. „Ако може да се ориентираат 2000 до 2500 лица во понеделников се ќе биде во ред”, изјави Дидие Лечи, извршен директор на ОФИИ (француската канцеларијата за имиграција и интеграција).

Организацијата е на евакуацијата е милиметарска. Од ГПС водењето на автобусите, присуството на полицијата на автопатот, планот на заминување, за најоддалечените дестинации се заминува во вечерните часови за ноќно патувања. Во задниот дел од хангарот, беа поставени креветчиња во неделата за да ги прифатат оние кои треба да ја поминат ноќта. Малолетници ќе бидат предмет на посебен третман, бидејќи тие може да останат уште 15 дена во контејнери поставени во кампот, чекајќи да се знае дали тие може да заминат во Велика Британија (како што е околу 200 од нив беа во можност да го направат тоа минатата недела), или пак ќе бидат потоа насочени во ЦПО за малолетници во Франција.

Во интервју за весникот Вуа ди Норд, министерот за внатрешни работи Бернар Казнев смирено укажува: Имаме сеопфатна стратегија за да се спречи создавање на ново место дива населб“.

Владата, сепак, признава дека „ова е ризична операција, која може да ескалира, и за која има потреба од вклучување на полицијата”, особено поради можното присуство на анти-глобалистички активисти, кои се многу мобилни и кои во број од околу 200 веќе пристигнаа во Кале минатиот викенд.

За спроведувањето и обезбедувањето на операција се грижат и околу 1250 полицајци и жандарми. Но, операцијата, опишана како „хуманитарна”, предизвикува скептицизам кај некои, посебно здруженијата на граѓани кои работата на помош на мигрантите.

– Владата сонува дека со уништувањето на кампот, тоа ќе го реши проблемот со имиграцијата, но тоа е грешка, многу луѓе кои ќе заминат ќе се вратат и се уште има нови пристигнувања, околу 30 на ден, изјави Франсоа Генок , претседател на Крчната за мигранти.

Имено повеќе мигранти во перспектива на евакуацијата ја напуштија „џунглата“ и ги пресадија нивните шатори подалеку од неа, не верувајќи многу на ветувањата на француските власти, стравувајќи од евентуално враќање во нивните земји откако нивните барања за азил ќе бидат разгледани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.