Започна изградбата на булеварот „ Христијан Тодорвски Карпош“ во Бутел

Започна изградбата на првата фаза од булеварот „ Христијан Тодорвски Карпош“ во општина Бутел. Новиот дел од булеварот ќе се гради на потегот од крстосницата со булеварот „ Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „ Натанаил Кучевишки“ во должина од 1000 метри.

На почетокот на градежните работи денеска присуствуваа премиерот Никола Груевски, Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на Бутел Петре Латиноски.

Новиот булевар ќе зафати делови од Чаир и ќе биде втор влез во Бутел и значително ќе им помогне на граѓаните во овој дел на Скопје.

Посебно згуснување на сообраќајот имаме на улицата „Бутелска“ која ги прима возилата од 3 страни и претставува главна делница кон Бутел и Радишани. Ваквото слевање во сообраќајот во една улица претставува главна причина за гужвите и метежот што се прави во срцето на Бутел. Денес ставаме камен темелник на решението со кое ќе се надмине овој проблем, истакна премиерот Никола Груевски.

Новиот булевар, нагласи премиерот, ќе биде вистинско растеретување на улицата „Бутелска“ и големо олеснување за жителите на Бутел, Радишани, Чаир и на сите останати кои се движат во овој потег на градот.

gruevski-bulevar-butel-2

Со овој булевар жителите ќе добијат уште еден влез во Бутел и уште една линија со која се поврзуваат населбите во овој дел од градот. Со тоа продолжува изградбата на булеварите на градот Скопје и главниот град ќе добие уште една нова модерна сообраќајница, која ќе биде од големо значење за подобрување на сообраќајните врски и зголемување на безбедноста во сообраќајот, рече Груевски.

Булевар ќе биде со вкупна ширина од 40 метри -6 сообраќајни ленти од по 3,5 метри, велосипедски патеки од двете страни со ширина од 2,5 метри, пешачки патеки од свете страни со променлива ширина и средишно зеленило.

Градоначалникот на Град Скопје, Трајановски истакна дека на новиот дел од булеварот „ Христијан Тодорвски Карпош“ ќе биде поставена нова водоводна мрежа, нова атмосферска канализација со профил Ф 600 како и изградба на нова и реконструкција на постоечката фекална канализација.

gruevski-bulevar-butel-3

На новиот булевар ќе биде поставено ново улично осветлување, каде ќе се постават 76 столба со висина од 10 метри, а ќе биде поставена и нова хоризонтална и вертикална сигнализација, истакна Трајановски.

Изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош, според градоначалниците на Бутел и Чаир, е нова порта кон обиколницата, што ќе го растерети сообраќајот во овој дел од градот.

Не само во сообраќаен поглед, општината Бутел и во еконсомски поглед ќе доживее нов инвестициски бум. Се надевам дека овој простор околу булеварот многу брзо ќе стане градилиште, рече Латиновски.