ФОТО: Започна изградбата на фекален колектор по булеварот „Партизански Одреди“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи од проектот за изградба на нов фекален колектор  по должината на  булеварот „Партизански одреди“.

Pocetok Fekalna kanalizacija Partizanska (3)

Новиот фекален колектор на булеварот „Партизански одреди“ ќе биде со вкупна должина од 1.246 метри и ќе биде изграден на потегот од крстосницата со улица „Московска“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“. На овој потег ќе бидат поставени канализациони цевки со профил Ф-500 милиметри, а ќе бидат поставени и 25 шахти. Новиот фекален колектор значително ќе го зголеми капацитетот на постојната фекална мрежа која е со помал капацитет и предизвикува чести запушување. Со изградбата на новиот колектор ќе се решат долгодишните проблеми на граѓаните во овој дел од Градот, рече градоначалникот Трајановски.

Pocetok Fekalna kanalizacija Partizanska (5)

Градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски изјави дека станува збор за корисен инфраструктурен проект со чија реализација ќе се подобри состојбата со фекалниот колектор во населбите Тафталиџе 1 и 2 и во Нерези.

Pocetok Fekalna kanalizacija Partizanska (1)

Градот Скопје од буџетот за овој проект ќе издвои околу 17 милиони денари, додека изведувач на работите е компанијата Вардар градба ДООЕЛ Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.