Започна националниот лидерски камп GLOW

Младинската Асоцијација ИМКА Битола во соработка со американскиот Мировен Корпус, ќе го понудат нивниот годишен камп за лидерство на 80 средношколци од Македонија, поддржани од над 30 волонтери и персонал, Кампот GLOW ќе се одржи во Бегова Корија, во објекот „Шула Мина“ на планините во близина на Крушево од 22 до 29 јули.

Кампот GLOW се организирани благодарение на дарежливата поддршка на ОКТА,
„Линкс Рисорсес“ (Рудник Саса) и други општествено одговорни компании, како и
американската амбасада во Скопје.

За кампот GLOW: Кампот GLOW (Girls Leading Our World) ги оспособува младите
девојки преку уривање на културните бариери инспирирајќи ги да постанат лидери
во нивните средини.

Повеќе од 1.600 млади девојки имаат учествувано на Кампот GLOW од 2002 година.

Кампот GLOW е мултикултурен лидерски камп дизајниран да промовира самодоверба, пријателство и учество во заедницата преку едукативни активности за недискриминација, уметност, кариерно планирање, животна средина, поставување на цели, мировна едукација, волонтеризам, женско здравје и многу повеќе.