Започна новиот инвестициски бран, ефектите повеќекратни

Од почетокот на овој месец, во земјава стартуваа четири нови инвестиции со што започна новиот инвестициски бран во Македонија. Кап- Кон започна со производство во Бунарџик, Монтанте почнува да го гради производствениот капацитет, Гентерм е во напредна фаза во Прилеп, а Левидиагро стартува со работа во Кочани, пишува Лидер.

Наскоро ќе биде отворена и втората фабрика на италијанската компанија „Технокозе“, која е четири пати поголема од првата. Во Прилеп влегува уште еден странски инвеститор- германската компанија Акомпласт. Договорот со оваа компанија е во финална процедура.

Тимот за привлекување странски инвеститори преговара со повеќе инвеститори истовремено. Последните информации говорат дека американска компанија ќе гради инженерски центар во Македонија.  Инвестицијата ја договорил вицепремиерот Пешевски, кој е во работна  посета на САД. За почеток компанијата би вработила 20-тина високообразовани лица, а планираат бројката и понатаму да се зголеми. Истовремено, на другиот крај од светот, во економски моќниот Сингапур, министерот за привлекување странски инвестиции, Горан Мицковски, ги претставил поволностите за бизнис во Македонија, пред 30-тина водечки компании. Некои од нив имаат сериозен интерес и конкретни идеи и наскоро планираат да дојдат во Македонија и самите да се уверат во можностите за бизнис. Тимот за привлекување странски инвеститори, в петок во Токио ќе ги претстави поволностите за водење бизнис во земјава пред водечките јапонски инвеститори.

Започна новиот инвестициски бран, ефектите повеќекратни
Започна новиот инвестициски бран, ефектите повеќекратни

До крајот на годинава, надлежните најавуваат нови странски инвестиции. Со неколку компании преговорите се во завршна фаза, додека неколку од нив имаат  донесено и интерни одлуки. Но, поради тоа што овие компании се листирани на светски берзи, многу е сензитивно на кој начин таа информација ќе се пласира, велат од тимот за привлекување на странски инвестиции. Се очекува во следниот период, некоја од овие компании и официјално да ја сподели информацијата за влез на македонскиот пазар.

Дел од овие компании доаѓаат од автомобилскиот сектор, а дел од други индустрии. Во Скопје е најавено дека ќе се позиционира и уште една компанија од Израел, а две компании влегуваат во битолската зона Жабени. Минатиот месец беше стартуваше новата фабрика на Маркарт во Велес, КСС веќе гради во Кичево. Дијатек наскоро почнува со производство во зоната во Скопје, а ОДВ Електрик гради фабрика во зоната меѓу Струга и Охрид.

Ефектите од инвестициите се видливи

Алек Никовски, советник за странски инвестиции на премиерот Груевски, вели дека полезноста од странските инвестиции за Македонија е повеќекратна.

Во прв ред тука спаѓаат директните вработувања во самите фабрики кои ги отвораат инвеститорите. Покрај тоа, тука е и соработката на странските инвеститори со домашните компании. Податоците велат дека некаде околу 500 домашните компании соработуваат со странските инвеститори. Кај нив се шири обемот на работа, на производство, на услуги, а и таму има нови, индиректни вработувања. Се отвора и можност за соработка со домашните образовни институции, како универзитетите, така и средните училишта, да ги усовршат своите програми, со цел да се создаде поквалитетна работна сила. Се зајакнува и надворешната трговија, извозот од зоните расте. Воопшто, се зајакнува економијата, се зголемува производството, извозот расте. Ние сме една од ретките земји која има трговски суфицит со Германија, објаснува Никовски.

Експертите…