Започна потрагата по тајните одаи во гробницата на Тутанкамон

© AP Photo / Nariman El-Mofty

Археолози од Италија, Велика Британија и Египет ја започнаа „пресудната“ потрага за можните тајни одаи во гробницата на древниот египетски фараон Тутанкамон во Луксор.

Научниците со помош на геофизичките радари (GPR) ќе се обидат да утврдат дали постои празен простор или сокриен премин зад погребната одаја на детето фараон.

Британскиот египтолог Никлас Ривс рече вели дека деталниот преглед на фотографиите и скенирањата упатуваат на тоа дека во северниот ѕид од погребната одаја се крие таен премин во друга просторија. Ривс смета дека во тајната одаја би можело да се наоѓа гробницата на кралицата Нефертити, сопругата на таткото на Тутанкамон, фараонот Екнатон или познат како Амонетеп Четврти. Научниците не се сигурни дали таа му била мајка или Тутанкамон е рожба од врската на Екнатон со друга жена.

По повеќе години чекање, научниците од универзитетот во Торино добија дозвола од египетските власти за старини да ги спроведат „решавачките георадарски мерења“ во внатрешноста на гробницата. Мерењата би требало да траат до 6-ти февруари, вели Франко Порчели, водачот на групата во којашто ќе бидат и британски и египетски експерти. Со тој метод, вели научникот, може да се утврди постоењето на тајните одаи со 99-процентна сигурност.

Гробницата на Тутанкамон во 1922 година ја открил англискиот археолог Хауард Картер во Долината на кралевите во Лускор. Тоа е најзачуваната фараонска гробница и, спротивно од другите гробници коишто со векови биле систематски ограбувани, е речиси негибната. Во неа се пронајдени повеќе од 2.000 предмети и на архиолозите им беа потребни девет години за да ги каталогизираат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.