Започна судењето на актерот Бил Козби

Судењето на американскиот актер Бил Козби порди сексуален напад започна во понеделникот во Нористаун, на истокот од САД, со сведечењето на првата од наводните жртви.

Со 79 години, авторот и актер во своевремено гледаната и наградувана телевизиска комична серија „Козби шоу’, преку којашто ја постигна светската слава во 1980-те години, Бил Козби мора да одговара по обвиението за сексуални напади на Андреа Констанд пред поротата од Питсбург.

Околу 60 жени последните години го обвинува актерот со цело име Вилијам Хенри Козби Џуниор, за сексуални напади, оцрнувајќи ја неговата кариера која траеше повеќе од половина век.

Констанд тврди дека сексуално ја искористил Бил Козни на почеткот од 2004 година, кога го посетила во неговиот дом, во предградие на Филаделфија, откако ја дрогирал.

Според него, станувало збор за доброволен однос, бидејќи актерот истакнува дека оваа млада жена ниту во еден момент не искажала неодобрување.

Во отстуство на сведоци и материјални докази, предметот се сведува на сведочењето на оваа 44-годишна Канаѓанка.

Меѓутоа, во понеделникот поротата го слушна сведочењето на друга жртва, но нејзините обвинувања не се предмет на кривичен прогон. Кели Џонсон раскажала како во 1996 година актерот инсистирал таа да испие апче и вино, како и да се „галат“ во бунгалов на еден калифорниски хотел.

Главниот адвојат на Козби, Брајан МеМонагли, настојуваше прво да го дискредитира првото сведочење обвинувајќи ја Кели Џонсон дека претерала во својата верзија на настанот.

Сведочењето на Андреа Констанд се очекува следните денови. Во едно интервју коешто го даде по поднесувањето на обвинението, Бил Козби рече дека нема да сведочи.

Поранешна вработена на Универзитетот Темпл, Андреа Констанд, навела дека 79 годишниот комичар ја дрогирал, па потоа злоставувал. Најмалку 60 жени го обвинија Козби за сексуално злоставување, а обвинителите барат 13 од нив да сведочат на суд.

Предвидено е судењето на трае две седмици. Доколку поротата актерот го прогласи виновен по една или повеќе од вкупно трите точки на обвинието, Козби би можел да биде осуден на десет години затвор. Имајќи ја предвид неговата возраст, веројатно тоа би значело дека остатокот од животот би го минал зад решетки.