Започна запишувањето ученици во прво одделение во Ѓорче Петров

Започна запишувањето ученици во прво одделение во Ѓорче Петров
Започна запишувањето ученици во прво одделение во Ѓорче Петров
Во основните училишта во Општината Ѓорче Петров започна уписот на првачиња во учебната 2016 /2017 година. Во прво одделение ќе се запишуваат деца кои се родени во 2010 година и кои до крајот на календарската 2016 год. ќе наполнат шест години.

-Исто така, детето може да се запише во прво одделение ако е родено во јануари 2011 година, а кое до 31.01.2017 год. ќе наполни шест години. Запишувањето трае од 03.05.2016 до 31.05.2016, секој работен ден од 8:30 до 15:00 часот во сите Општински училишта. Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение, информираат од општината.

При запишување на детето во прво одделение, доаѓа родителот / старателот заедно со своето дете и притоа доставува:  извод од матична книга на родени за детето (на увид), лекарска потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од  надлежна здравствена установа, потврда за систематски преглед на оралната празнина (стоматолошки преглед) издадена од стоматолог на Јавно здравство во Поликлиника Ѓорче Петров, лични карта од двајцата родители / старатели, како доказ за местото на живеење (на увид). Доколку детето посетувало градинка, родителот доставува Досие на детето издадено при испис од градинката (најдоцна до 31-ви август).

Минатата година во училиштата во општината Ѓорче Петров се запишаа 396 првачиња. Годинава, според податоците со кои располага општината би требало да се запишат 493 дечиња во прво одделение. Општината изработи и брошура со информации за родителите во која се наведени сите услови за упис и начинот на работа на училиштата во учебната 2016-2017 година. Подрачното училиште „ димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром кое е комплетно реновирано и проширено годинава ќе прима нови првачиња. Инаку во сите училишта е предвиден продолжен престој, ужинка и топол оброк за учениците. Родителите кои ќе сакаат нивните деца да посетуваат курсеви по англиски јазик, спортски и културно- забавни активности, училиштата ќе им го овозможат истото. За условите поврзани со активностите секој родител ќе треба да се информира во самото училиште.