Започнаа препукувањата: Виновни во случајот со Адеми се – македонските лекари ?!

Хрватите обвинуваат - виновни во случајот со Адеми се македонските лекари ?!

Весникот “Спортске новости” повикувајќи се на извори од раководството на Динамо тврди дека Адеми инсистирал да му биде земен Б примерок и дека неговата совест е чиста, односно доколку земал недозволена супстанца тоа било случајно или како резултат на несовесно лекување.

Ваквите аргументи тешко дека ќе му помогнат на одличниот играч за врска доколку и Б примерокот биде позитивен, но во Динамо тврдат дека тие воопшто немаат вина за целиот случај. Заедно со Адеми по мечот со Арсенал тестиран бил и голманот Пинто, но неговите резултати биле негативни, што било пресудно за УЕФА да не го казни посериозно Динамо за целиот случај.

Во таборот на “модрите” не смеат гласно да коментираат, но веќе почнаа тивките обвинувања дека целиот проблем е настанат во периодот на подготовките за квалификациските средби за ЕП 2016. Тие тврдат дека Адеми не бил под нивни надзор во поголем дел од деновите во пресрет на мечот со Арсенал, а како можна варијанта се споменува и дека вината е кај нашата репрезентација, каде беа извршени одредени прегледи врз Адеми, по што сепак беше решено дека тој нема да може да настапи на дуелите со Луксембург и со Шпанија.

Спортске новости” тврди дека Адеми исто така се лечел и на приватен лекар во Сплит, се со цел да биде оспособен за настап против Арсенал, но се чини дека токму тоа инсистирање скапо ќе го чини Македонецот, кого го очекува суспензија од максимум две години во случај и Б примерокот да биде позитивен.