Започнаа средбите на Османи во Атина

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја започна посетата во Атина со средба со алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, а веднаш потоа тој ќе има работен ручек со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Според најавите, на средбите Османи со Коѕијас и Катругалос ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Македонија и теми од заеднички интерес.

Османи изјави дека посетата е во насока на градење на довербата меѓу Скопје и Атина оти само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името.