Започната е најобемна инвестиција во опрема за АРМ од нејзиното основање

Започната е најобемна инвестиција во опрема за АРМ од нејзиното основање. Телевизија Нова сними ексклузивно интервју со генерал мајор Васко Ѓурчиновски за тема модернизација на армијата.

-Од името на сите припадници на АРМ сакам да истакнам благодарност до сите претпоставени институции кои сериозно изминативе 2 години со наша стручна експертиза, процесот се води во континуитет. Завршницата треба да биде наскоро. За кратко време целосното опремување и модернизирање ќе бидат со најмодерна и софистицирана опрема. Од самото осамостојување ние перманентно се оспособуваме, обучуваме и среќен сум што за кратко време ќе биде етаблирана во системот и борбената готовност ќе биде а значително високо ниво, рече тој.

Нивна мисија е и поддршка на силите на МВР во справување со сите видови на закани по територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, како и ангажман на нивните состави во раководење на мисии на Обединетите Нации, ЕУ, ОБСЕ и НАТО и поддршка на сите институции во земјава за справување со сите видови на закани, кризи, катастрофи.

Единиците и припадниците на здружената оперативна команда помагаа на терен изминатиов период справувајќи се со последиците од поплавите, а се справуваше и со напливот на мигранти.

-Нашата команда и единиците во континуитет извршуваат операции, како во земјата така и во странство. Од кога ја презедов оваа должност минатата година, нашата единица континуирано од почетокот до денес се ангажира во справување со мигрантската криза во поддршка на силите на МВР. Тоа е задача и операција која ќе продолжиме да ја реализираме во континуитет. Од друга страна, скорешното ангажирање на нашите припадници во поддршката на институциите во справувањето со поплавите исто беше една од задачите со кои се справувавме. Сакам да истакнал голема благодарност и горд сум на сите војници и старешини и цивилни лица кои минатиот период во континуитет, пожртвувано, максимално помагаат и ќе продолжат да помагаат во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Уште самата вечер кога се случи катастрофата во скопскиот регион, ние упативме единици, генералштабот употреби специјални единици и веднаш во текот на ноќта го активиравме нашиот кризен менаџмент во справувањето со ваков тип на ангажирање.  Веднаш наредниот ден ангажиравме од 500 до 700 луѓе…вели тој за ТВ НОВА.

Целото интервју со него погледнете го во продолжение

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.