Започнува Културно лето „Три круши 2016″

Со целовечерен концерт на етно групата „Љубојна“ вечер ќе биде отворено 11. „Културно лето Три Круши 2016“ во истоимениот културно-верски рекреативен центар во село Драчево.

Манифестацијата е дел од Програмата за култура за 2016 година на општина Кисела Вода, а ќе се реализира од денеска до 30 јули со 10 културни настани, сите со почеток од 20:30 часот.

Предвидени се настапи на повеќе реномирани домашни имиња од народната и од забавната музика, како и две претстави – од Драмскиот театар „Чолак“ и хумористична театарска претстава со артистите Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски.

Целовечерен концерт треба да одржи и КУД „Китка“, а манифестацијата ќе биде затворена со концерт на Наум Петрески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.