Започнува ли новото насилно сценарио на СДСМ и Сорос за „да се решиме на улица“?

70-те „невладини“ приврзоци на СДСМ кои на своите протести собираат едвај по 30 луѓе се подготвуваат за спроведување на ново насилно сценарио.

Во денешниот проглас на овие здруженија финансирани од Сорос и СДСМ тие повикуваат на бојкот на изборите и на протести, а како лице за контакт стои името на Марјан Забрчанец, долгогодишен платеник на Сорос и активист на опозицијата, пишува Курир.

Токму Забрчанец ги најави протестите уште на 1-ви април кога на својот фејсбук профил повика на насилство: „Дајде да решиме на 5 јуни. На избори или на улица, како сакате“.

zabrcanec

Во писмото на овие невладини организации се повикува на бојкот на изборите и на излегување на улица со цел да се спречат останатите граѓани да го дадат својот глас на избори.

Уште еден од активистите во овие организации е и Едмонд Адеми кој минатата година повикуваше на крвопролевање низ Скопје, а како награда Оливер Спасовски го вработи како свој советник во МВР.

ademi

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.