Запознајте ја најмладата милијардерка на светот

Американката Сара Блејкли е најмладата жена на светот која самостојно заработила милијарда долари и така се нашла на листата на „Форбс“…

Четириесетгодишната Американка пред 14 години дала отказ и ја вложила целата своја заштеда од пет илјади долари во креирање на линија на долна облека за поубаво обликување на телото. Денес, голем број жени и’ се благодарни што немаат проблем со оцртувањето на нивната долна облека додека носат светла и тенка гардероба, а во исто време добива јавни пофалби од Опра Винфри.

Интересно е што Сара веќе 14 години е единствена сопственичка на компанијата „Спенкс“,а нејзините приходи изнесуваат 250 милиони долари, а нето профитот е 20 отсто. Со години ниту една листа на најбогати не можеше да помине без Сара Блејкли, a гласините дека планира излез на берзата биле неточни.

Кога приватниот живот на оваа актерка е во прашање, таа и понатаму живее во Атланта, мажена е и има едно дете, а нејзиниот бизнис и понатаму е успешен благодарение на постојаното лансирање на нови производ кои станаа рефлекција на удобност во женската гардероба.

Инаку, бројот на жени кои оваа година се најдоа на листата на „Форбс“ порасна за 25 отсто, па во овој момент ги има 172.

Сепак, само 32 отсто од нив станале милијардерки како Сара, со личен труд, додека останатите го наследиле богатството.