Запознајте ја Тања Фајон: Противник на македонските национални интереси

Интересно е и тоа што, РТВС воопшто го прифатила, со оглед на тоа што е новинар, а приучен снимател, затоа што за словенечката телевизија не може да известува на германски или англиски јазик, а словенечкиот јазик секако не го знаел. Покрај тоа, РТВС со него соработува и кога Фајон станува европски пратеник, и така со камера ја следи нејзината работа во ЕП. На пример, кога во ЕП како кандидатка за европска комесарка е интервјуирана Аленка Братушек , тој настан за РТС со камера го следел и сопругот на Фајон, која што била исто така сериозна кандидатка за таа позиција.

Се разбира, се поставува прашање, дали можеби поради тоа Фајон ја гледаме повеќе пати на малите екрани отколку другите европски пратеници од Словенија. Го поставивме ова прашање на РТВ Словенија, дали е соодветно со новинарските стандарди и професионалните мерила на јавната куќа, сопругот да ги следи политичките збиднувања, на кои учествува неговата сопруга. Исто така не интересира, каков договор има склучено со Браун, за колку време и колкав надомест и како воопшто бил тој избран за таа работа. Одговорот беше ветен најдоцна за седум работни дена, кој што ќе го објавиме кога ќе го добиеме.

Најинтересни се секако околностите под кои Фајон воопшто станува кандидат за европски пратеник. Како што самата вели, на листата ја поканил тогашниот премиер Борут Пахор, затоа што како дописник својата работа ја извршувала професионално и ја познавала европската политика. Меѓутоа словенечките политичари, кои што тогаш биле во Брисел, нејзиното известување го опишуваат со различни впечатоци. Многу задоволни биле, на пример европските пратеници од редовите на левицата, а во исто време кога се спомнувале „десните“, многу често се случувале проблеми со камерата, кога сакале да кажат нешто за својата работа.

Слично се случувало и со премиерите: кога биле посетите на Јанез Дрновшек и Тоне Роп, настаните биле многу добро „покриени“, дописништвото на РТВ би го занемарил првиот настап на Јанез Јанша во улога на претседател на Советот на ЕУ. Секако Пахор мора да бил многу воодушевен од неа што ја наговорил да ја прифати кандидатурата. До душа, во ЕП се зборува се и сешто, а за Пахор е познато, дека му се допаѓаат убави жени.

Политичкото решение дошло во вистински момент. Фајон разбира дека во сптември 2009-та и истекува нејзиниот втор мандат за допискик од Брисел и дека нема да и’ го продолжат. Згора на тоа, тогашното раководство на РТВС не било воодушевено од нејзината новинарска работа, затоа побарала нова работа и ја добила во политиката. Во исто време кога се обидуваше да стане европски пратеник, и понатаму сакала да ја прима новинарската плата и да ги ужива бенифитите на дописник.

Меѓутоа, од РТВС предвреме ја отповикале од тоа работно место и во исто време ја известиле дека повеќе нема да и’ ги покриваат трошоците за наем на станот во Брисел. Исто така и’ побарале да го врати депозитот, кој бил платен од страна на РТВС, инаку тие трошоци ќе и ги одбијат од нејзината (последна) априлска плата. Фајон се повикувала на договорот, кој и овозможува отказен рок, иако во јуни била избрана за пратеник во ЕП, каде што зема далеку поголема плата.

На крајот се договорила да го задржи работно место во културната редакција на Радио Словенија, каде ќе може да се врати по завршувањето на политичката и кариера.

Како ги сруши Лукшич и Братушек

Познато е дека нејзината кандидатура предизвика немир во партијата, со оглед на тоа што на добро платената положба во Брисел се гледаа многу членови со долгогодишно политичко искуство. Особено Бреда Печан и Дарја Лавтижар Беблер, биле многу навредени од одлуката на Пахор, посебно што повеќе им верувал на некогашниот политичар од ЛДС Зоран Талер и Фајон, кои што не ни биле членови на партијата. Подоцна тоа негово самоволие му се враќа како бумеранг, имено Талер бил фатен во поткуп, поради што бил осуден и затворен. Наместо него во ЕП доаѓа Мојца Клева Кекуш, која што се уште ужива голема поддрша особено од помладиот дел на членството.

Фајон во неа…