Запрен сообраќајот низ тунелот под Ламанш

Запрен сообраќајот низ тунелот под Ламанш
Запрен сообраќајот низ тунелот под Ламанш

Сообраќајот низ тунелот под каналот Ламанш е запрен денеска во двете насоки, откако дојде до „закрчување и попречување“ на терминалот во Кале, соопшти управата на компанијата „Евротунел“.

Во соопштението издадено во Лондон се вели дека сообраќајот може да биде во прекин во текот на денешниот ден.

– Не можеме да им продаваме билети на патниците кои немаат претходна резервација, изјави претставник на „Евротунел“.

Според објаснувањето на компанијата, товарниот сообраќај е целосно зглавен кај една сообраќајна клучка на автопатот М20 на британската страна.

Тоа предизвикаува застој и целосно поместување во возниот ред, на терминалот кај Фолкстон на територијата на Велика Британија, каде влегуваат и излегуваат од тунелите сите возови што ги поврзуваат двете соседни земји.

Закречниот сообраќај на М20, главниот пат кој од Лондон води кон Фолкстон, предизвикува задоцнување од цели два часа за влез во терминалот во оваа станица, особено што за чекирање сега се чека повеќе од 90 минути.